Паѓа рејтингот на Обама

Од:

Кандидатот за претседател на Републиканците, Мит Ромни води во истражувањеро на јавното мислење, во однос на актуелниот претседател на САД, Барак Обама со 48 спрема 44% гласови.

Според истражувањето на агенцијата Расмусен, само 32 отсто од Американците својата финансиска состојба ја оценуваат како добра или одлична што е пад за 3% од моментот кога Обама дошол на местото претседател пред 3 и пол години.

На прашањето на кого повеќе му веруваат во однос на економското закрепнување, дури 9% гласови повеќе добил Ромни.

Агенцијата потсетува на своето истражување од јуни 2008-та година, кога Обама секој ден во тој месец водел во однос на републиканскиот противкандидат Џон Мекејн.

Во овој месец, до 13. јуни, Ромни водел 10 пати, два пати имале изедначени резултати, а само еднаш водел Обама.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски