Ромни во Ерусалим собира средства за својата претседателска кампања

Од:

Неколку часа пред да отпатува од Израел, претседателскиот кандидат на Републиканската партија во САД, Мит Ромни, во една од салите на луксузниот хотел „Крал Давид“ во Ерусалим имаше средба со израелски бизнисмени на која тој се обиде од локалните бизнисмени да собере донации за својата предизборна кампања.

Ромни на потенцијалните донатори им кажа дека „нивната култура е дел од тоа што на Израелците им овозможува да постигнат многу повеќе во економската сфера од Палестинците“, посочуваат американските медиуми. Тој додаде дека „културата, заедно со иновативната бизнис клима во земјата и раката на провидението“ му помогнале на Израел да се претвори во многу побогата држава од своите соседи.

Според податоци на Светската банка, бруто домашниот производ по човек во Израел е околу осум пати повисок во споредба со просечниот за Западниот брег и Газа, посочуваат американските медиуми.

По завршувањето на средбата со бизнисмените во Ерусалим Мит Ромни заминува за Полска.

Средбата на Ромни со бизнисмени во Ерусалим е втора за време на неговата сегашна турнеја низ светот. Во Лондон тој организираше прием на кој секој од 250-те присутни требаше да плати по 2.500 долари.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД