Ромни победи и во Калифорнија

Од:

Мит Ромни победи на првичните избори за номинација на републиканците за претседателските избори во САД, кои ќе се одржат во ноември.

Ромни досега ја обезбеди поддршката на 1.398 делегати и во пракса веќе е кандидат на Републиканската партија, кој наесен во изборната трка ќе се пресмета со актуелниот претседател и кандидат на демократите, Барак Обама.

Официјално неговата кандидатура треба да биде потврдена на Националниот конгрес на републиканците во август.

Поранешниот гувернер на Масачусетс има потреба од 1.144 делегати за да ја обезбеди номинацијата на партијата.

Ромни победи на вчера одржаните првични избори на републиканците во Калифорнија, Њу Мексико, Јужна Дакота, Монтана и Њу Џерси.

Остануваат само уште едни првични избори за номинацијата на партијата, во Јута на 26 јуни.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД