Ромни го престигна Обама во свинг државите

Од:

Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни го презеде водството во анкетите и сега има пет проценти предност во однос на актулениот претседател Барак Обама во таканаречените свинг држави, чии гласачи би можеле да одлучат кој ќе биде новиот станар во Белата куќа.

Според истражувањето на УСА Тудеј и Галуп, помеѓу избирачите кои рекоа дека ќе излезат на избори, Ромни води со 51 процент, или 5 проценти  повеќе од Обама кој има 46 проценти. Ромни за ова може да им му се заблагодари на женското избирачко тело кое се врти кон него и веќе ужива иста поддршка кај жените  како и Обама.

На минатите избори, Обама имаше 13 насто предност кај женското гласачко тело, пред Џон Мекејн.

Ромни е в предност кај мажите. Според анкетата 54 проценти од мажите би гласале за Ромни.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД