Романскиот Парламент едногласно одобри изградба на два центри на НАТО во Букурешт

Од:

Романскиот Парламент денеска едногласно го одобри барањето за изградба на два центри на НАТО во Букурешт во рамки на новата одбранбена стратегија на Алијансата во Источна Европа.

Романскиот претседател Клаус Јоханис ги повика пратениците да ја одобрат изградабата на центрите во контекст „на кризата во Украина и агресивните дејствија на Русија во регионот“.

Барањето за изградба на Интеграцискиот оддел на силите на НАТО и Мултинационалниот дивизиски штаб за југоисточната насока беше усвоено со 283 гласови „за“ и ниту еден против. Со нив е планирано да се координираат воените команди во Романија и соседна Бугарија.

Мултинациналниот штаб ќе биде отворен во 2016 година и ќе работи со целосен капацитет до 2018 година.

НАТО ќе изгради слични интеграциски оддели во Полска, Бугарија, Естонија, Литванија и Летонија.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО