Романија е еден од најголемите извозници на коњско месо светот. Во 2011 година земјата извeзла коњско месо во вредност од 13,1 милион евра, што ја става на петто место во Европа, по Белгија, Полска, Франција и Холандија, и на деветто во светот, наведуваат романските медиуми.
Во светски рамки во 2011 година извозот на месо од коњи, мазги или магариња изнесувал 411 милиони.
На врвот на листата на најголемите извозници на коњско месо во светот се наоѓаат Белгија (70,93 милиони евра), Аргентина (62,8 милиони евра), Канада (59,9 милиони евра), Мексико (35,13 милиони евра) и Полска (34,01 милион евра).
Според податоци на Меѓународниот трговски центар добиени врз основа на статистиката на ОН, најголеми увозници на коњско месо во светот се Италија (88,62 милиони евра), Белгија (76,39 милиони евра), Франција (69,45 милиони евра), Русија (55,66 милиони евра) и Швајцарија (38,27 милиони евра).
Во 2011 година Романија извезла месо од коњи, мазги или магариња во вредност од 13,1 милион евра, наспроти 10,8 милиони евра во 2010 година, покажуваат податоците на Националниот статистички институт. Во 2009 година извозот изнесувал 7,9 милиони евра, наспроти 8,4 милиони евра во 2008 година и 7,9 милиони евра во 2007 година.
Главните пазари за романскиот извоз лани биле Белгија, Бугарија, Италија и Полска.
Истовремено, увозот на вакво месо во Романија бил незначителен. Во 2011 година Романија е увезно коњско месо во вредност за само 6.460 евра од Италија и Унгарија.
Романија се најде во центарот на аферата со коњско месо во ЕУ, откако беше обелоденето дека откриените говедски месни производи што содржеа ДНК на коњи, биле изработени од месо со романско потекло.