Романија бара поактивна улога на НАТО во реонот на Црното Море

Од:

Романија се залага за поактивна улога на НАТО во реонот на Црното Море, како гаранција за безбедноста на членките на Алијанста од овој регион, изјави денеска романскиот министер за надворешни работи Теодор Малешкану.

– По незаконската анексија на Крим сведоци сме на натрупување на руските сили и оружје, што доведе до промена на рамнотежата на силите. Во Црното Море постоеше рамнотежа на силите меѓу Русија, Турција, Романија, Бугарија и Украина, но тоа сега повеќе не е така, рече Малешкану во обраќањето на 63-та сесија на Парламнетраното собрание на НАТО, што започна вчера во Букурешт.

Малешкану оцени дека руските сили кои сега се распоредени во реонот на Црното Море не пратставуваат закана само за овој регион, тука и за Источна Европа, Медитеранот и за Блискиот Исток.

– Затоа сме загрижени и сакаме поактивна улога на НАТО во гарантирање на безбеднсота на црноморските земји и се надвеме дека тоа и ќе се случи во иднина, додаде шефот на романската дипломатија.

Малешкану истакна и дека Романија би сакала поактивно да се вклучи во гарантирањето на безбедноста на земјите во Црното Море, како дел од структурите на НАТО.

На сесијата на Парламентарното собрание на НАТО, што ќе трае до 9 октомври, учествуваат делегации од повеќе од 50 земји членки на Алијансата, држави партнери и набљудувачи.

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски