Ројтерс: Путин планира да ја продолжи војната сè додека Западот не ги прифати фундаменталните барања на Русија

Од:

Три извори блиски до рускиот претседател кои разговараа со Ројтерс велат дека Владимир Путин го игнорирал ултиматумот што му го дал американскиот претседател Доналд Трамп.

Имено, овие извори тврдат дека Путин планира да ја продолжи војната сè додека Западот не ги прифати фундаменталните барања на Русија.

Како што понатаму наведува агенцијата, ова би можело да биде „крајот на приказната за големиот договор на двајцата претседатели“ што ќе ја заврши војната во Украина.

Никој не се сеќава на предизборните најави на Трамп дека ќе „реши сè за 24 часа“, се наведува.

Неколку светски медиуми пишуваат во своите анализи дека односот меѓу двајцата лидери очигледно стигнал до точка каде што мора да се испорача некаков резултат, но никој не верува дека ќе се постигне крајната цел, мировен договор.

Гардијан истакнува дека Трамп му пристапил на Путин „како на брокер за недвижности“ кој нуди туѓа територија за нешто сосема неодредено, без да навлегува во причините зошто воопшто се случила војната и без да размислува колку долго би траел таков мир.

„Тајм“ пишува дека Трамп не ја слушал американската разузнавачка заедница од самиот почеток и мисли дека може да го убеди Путин целосно да ја промени својата политика.

Потоа, тука е и „Вашингтон пост“, кој наведува дека стратегијата на Трамп за „ескалација до деескалација“ е применлива за некои земји и обичаи, но не и за човекот кој ја започна инвазијата и кој воопшто не е загрозен во сопствената земја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир