Ројтерс: Ова се новите услови на Путин за мир во Украина

Од:

Руски извори изјавија дека Путин се согласил на компромис за територијалните барања што ги постави во јуни 2024 година, што би барало од Киев да ја отстапи целата територија во четири региони што ги бара Москва.

Рускиот претседател Владимир Путин бара Украина да му го предаде Донбас, да се откаже од амбициите за членство во НАТО, да биде неутрална и да не дозволи западни војници во земјата, објави Ројтерс, повикувајќи се на три добро информирани извори.

Во петокот во Алјаска, Путин се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп на првиот руско-американски самит за повеќе од четири години и речиси целото време – и состанокот одржан зад затворени врати што траеше три часа – го помина дискутирајќи како би можел да изгледа компромисот за Украина, според извори кои сакаа да останат анонимни.

Во заедничка изјава за новинарите по состанокот, Путин рече дека се надева дека состанокот ќе го отвори патот за мир во Украина, но ниту тој ниту Трамп не открија детали за тоа што разговарале.

Во најдеталниот извештај, базиран на руски извори, Ројтерс наведува што би сакал Кремљ во евентуален мировен договор за да се стави крај на војната во која загинаа и повредија стотици илјади луѓе.

Во суштина, руските извори велат дека Путин се согласил на компромис за територијалните барања што ги постави во јуни 2024 година, што би барало од Киев да отстапи целата територија во четири региони што ги бара Москва: Донецк и Луганск во источна Украина, кои заедно го сочинуваат Донбас, плус Херсон и Запорожје на југ.

Во својот последен предлог, Путин се држеше до своето барање Украина целосно да се повлече од деловите на Донбас што сè уште ги контролира, според три извори. Москва за возврат би ги замрзнала сегашните фронтовски линии во Запорожје и Херсон, додадоа тие.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје

Путин нареди прекин на огнот за Велигден

Зеленски: Виткоф и Кушнер „поминуваат премногу време“ со Путин и многу му веруваат

Катерина Ѓуровски

САД и Иран се согласија за двонеделен прекин на огнот, се слави победа во Техеран

Бомбардерите Б-52 полетаа кон Иран

Демократите бараат поддршка од републиканците за да ја ограничат моќта на Трамп