Ројтерс: Иран им нареди на Хутите да ја нападнат Саудиска Арабија

Од:

Пакистан, на барање на Саудиска Арабија, го предупредил Иран да го искористи своето влијание врз јеменските бунтовници Хути и да ги запре нивните напади врз Саудиска Арабија, објави денеска Ројтерс, повикувајќи се на саудиски, пакистански и ирански извори.

Пораката упатена до Техеран била јасна – „ставете ги Хутите под контрола или ризикувате конфликтот да прерасне во поширока регионална безбедносна криза“, навеле изворите на Ројтерс.

Висок регионален дипломат изјавил дека Пакистан во изминатите 24 часа му ја пренел пораката на Иран, повикувајќи го Техеран да го искористи своето влијание за да ги запре нападите на Хутите врз Саудиска Арабија.

Висок ирански функционер потврдил дека Пакистан ја пренел пораката до Техеран, но дека одговорот на Иран бил дека „Иран не ги контролира Хутите“.

Регионалниот дипломат изјавил дека Исламабад се обидува да ги стави Хутите под контрола пред ескалацијата да достигне ниво кое би можело да го натера Ријад да изврши притисок врз Пакистан да преземе поактивна улога во одбраната на Саудиска Арабија.

„Пакистан има договор со Саудиска Арабија, но се надевам дека ситуацијата нема да дојде до точка во која Пакистан ќе биде принуден навистина да се вмеша. Пакистан засега ќе бара дипломатско решение“, рекол дипломатот за Ројтерс.

Ројтерс, сепак, наведува дека два ирански извори рекле оти Техеран минатата недела им порачал на Хутите да извршат напади врз Саудиска Арабија, ветувајќи дополнително финансирање и оружје.

Според тие извори, неколку команданти на Иранската револуционерна гарда отпатувале во Јемен за да помогнат во координацијата на нападите.

Би можело да ве интересира

Ескалација во Ормутскиот теснец: Експлозии во Сирик, Минаб и Кешм

Горан Наумовски

Иран ја таргетираше американската база во Јордан

Нови напади во Ормутскиот теснец: Иран нападна два американски брода и осум танкери

САД уништија пет ирански танкери, Техеран возврати: „Напуштете ги бродовите во Кувајт и Бахреин“

Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

А1он

(ВИДЕО) Иран се заканува со „силен одговор“: „Посилни сме од кога било“