Ројтерс: Хамнеи го отфрли предлогот за прекин на огнот со САД

Од:

Врховниот лидер на Иран ги отфрли предлозите за намалување на тензиите и воспоставување примирје со САД, изјави висок ирански функционер под услов да остане анонимен, објави Ројтерс.

Според неименуваниот функционер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи бил „многу цврст и сериозен“ во својот став кон САД и Израел на својот прв состанок посветен на надворешната политика.

Врховниот лидер на состанокот рече дека „не е време за мир сè додека САД и Израел не бидат фрлени на колена, не го признаат поразот и не платат репарации“.

Функционерот не разјасни дали Хамнеи бил лично присутен на состанокот.

Би можело да ве интересира

За малку ќе избувнела тепачка на преговорите меѓу Американците и Иранците, објави турски новинат

Катерина Ѓуровски

Трамп: Почнуваме блокада на Хормуз, ова е меѓународна уцена

Ормутскиот теснец е комплетно под наша контрола и не е предмет на преговори, порача Иран

Не им веруваме на Американците, порача еден од клучните ирански преговарачи

Што значи и што може да донесе пропаѓањето на преговорите меѓу Иран и САД

ВИДЕО: Реакцијата на Трамп на пропаднатите преговори

Катерина Ѓуровски