Рохани: САД ќе го уништат сопствениот кредибилитет ако се повлечат од Договорот

Од:

Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека САД „ќе го уништат сопствениот кредибилитет“ како партнер за преговори ако се повлечат од мултинационалниот договор за иранската нуклеарна програма.

Тој на седницата на Генералното собрание на Обединети нации истакна дека се надева оти дипломатијата нема да биде занемарена од страна на „лажните дојденци во светот на политиката“.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека „донел одлука“ во врска со Договорот за иранската нуклеарна програма, склучен во 2015 година меѓу Иран и шесте светски сили, но не соопшти детали околу неговото решение.

– Донесов одлука, одговори кусо Трамп на новинарско прашање во врска со ставот на САД кон иранскиот нуклеарен договор.

Трамп во вчерашното обраќање пред Генералното собрание на Обединети нации истакна дека нуклеарниот договор на Иран со шесте светски сили „е срам за САД“, додавајќи оти Вашингтон не може да го почитува договорот „доколку обезбедува покритие за евентуален развој на нуклеарната програма“.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји