Рохани: Кашоги е убиен со поддршка од САД

Од:

Претседателот на Иран, Хасан Рохани изјави дека Саудиска Арабија не би се осудила да го убие Џамал Кашоги во Конзулатот во Истанбул без да има поддршка од САД.

– Мислам дека без американска поддршка таа земја (Саудиска Арабија) не би се осудила да стори такво злосторство, посочи Рохани .

Но, тој не понуди никакви докази за таквото тврдење.

Рохани саудискиот систем го нарече „племенско владеење“, каде поединци имаат заштита и поддршка од луѓето на власт, така што ниту еден суд нема да преземе мерки против нив.

Саудискиот новинар и дописник на „Вашингтон пост“ 59-годишниот Кашоги исчезна на 2 октомври, а последен пат е виден како влегува во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул. По повеќедневно демантирање, официјален Ријад во петокот призна дека Кашоги е убиен во Конзулатот во непланирана „караница и тепачка“.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ