Поранешниот шеф на руската вселенска агенција Роскосмос и водач на волонтерската единица на воени експерти „Цареви волци“ во Донбас, Дмитриј Рогозин, изјави дека очекува да се опорави од повредите во втората половина на јануари.
Дмитриј Рогозин беше ранет на 21 декември во украинскиот ракетен напад врз Доњецк, а парче шрапнел кој го погоди во грбот не може да се извади, пренесува ТАСС.
Рогозин моментално се наоѓа на лекување во Ростов, од каде ќе биде префрлен во Москва. Претходно тој изјави дека веднаш по закрепнувањето ќе се врати на бојното поле во Донбас.