Роднините на жртвите од последниот поголем терористички напад во Северна Ирска, од пред 19 години, соопштија денеска дека заеднички ја тужат полицијата затоа што не успеала досега да ги открие извршителите, за да одговараат за стореното злосторство.
Експолозијата на автомобил-бомба, паркиран во главната улица на малиот град Ома во Северна Ирска, предизвика смрт на 29 лица, меѓу кои и една бремена жена со близнаци. Двеста други лица беа полесно или потешко пвредени.
Нападот се случи на 15 август 1998 година, само четири месеци по потпишувањето на историскиот мировен договор од Велики петок, а одговорноста за нападот ја презеде одметнатата, паравоена „Вистинска ИРА“ на северноирските католици-националисти, кои не го прифаќаа договорот.
Во сегашната тужба за полицијата, како главен „обвинет“ се посочува шефот на полицијата во покраната за, како што се вели, непреземените потребни работи по терористичкиот напад и затоа што никој не е обвинет или осуден во изминатите 19 години.
Нападот во Ома важи за најтешкото вакво злосторство и за инцидент со најголем број жртви во текот на над 30-годишните судири во Северна Ирска меѓу републиканците- националисти, католици и унонистите, протестанти.
Во 2009 година, Мајкл Мекевит, кој се сметаше за основач и лидер на „Вистинска ИРА“ и уште други три лица од раководството на оваа одметната милитантна група, во приватна судска постапка, беа прогласени за одговорни за нападот во Ома.
Никој досега, меѓутоа, не е формално обвинет и осуден, како за поттикнување и организирање, така и за извршување на бомбашкиот напад,