Шкотскиот премиер Хумза Јусаф денеска соопшти дека родителите на неговата сопруга Надија Ел-Накла моментално се заробени во Појасот Газа.
Тој изјавил дека тие пред една недела отпатувале во Газа за да го посетат семејството, пренесува Би-Би-Си.
„Мојата сопруга и јас сме многу загрижени за нив“, рече Јусаф.
Тој додаде дека има невини луѓе кои страдаат и дека тој и неговата сопруга не можат да го оправдаат убивањето на невини цивили.