Британски брачен пар кој имал секс во такси во Дубаи е осуден на три месеци затвор и депортација, соопштил нивниот адвокат.
Случајот е последен во низата во кој туристите од западот не ги почитуваат законите на Обединетите Арапски Емирати и како што наведува Ројтерс ги покажува културните разлики на двата света.
Ребека Блејк и Конор Мекредмонд го отфрлиле обвинувањето дека имале непристоен чин во таксито но го ја признаа вината за конзумирање алкохол во јавноста.
Судот ги осуди на три месеци затвор, депортација и парична казна од 817 долари.