Ризикот од хоспитализација со омикрон е 40 отсто понизок отколку кај делта сојот

Од:

Истражувачите открија дека оние кои се позитивни на новата ковид варијанта имаат 20 отсто помали шанси да посетат болница.

Омикрон варијантата на коронавирусот се чини поблага, со 15 до 20 отсто намалени шанси за посета на болница и најмалку 40 осто помал ризик за хоспитализација, покажуваат британските податоци.

Но како што новите случаи на ковид во Британија достигнаа 100.000, експертите предупредуваат дека високата преносливост на вирусот значи дека болничките капацитети сепак се под ризик да бидат преполнети.

Од она што беше опишано од научниците како „добри вести“, две студии покажуваат понизок ризик од хоспитализација при инфицирање со омикрон.

При истражувањата на професорот Нил Фергусон, анализирани се хоспитализации и извештаи за вакцинација кај сите потврдени позитивни ПЦР тестови во Бритнија меѓу први и 14 декември. Истражувањето вклучило 56.000 случаи со омикрон и 269.000 случаи на делта.

Извештајот од истражувањето покажува дека ризикот да се посети болница бил од 15 до 20 отсто понизок кај случаите на
омикрон во споредба со делта сојот, и од 40 до 45 отсто понизок кај кои следува хоспитализација по посетата на болница.

Кај мал процент на луѓе кои не биле инфицирани со ковид, ниту вакцинирани, ризикот од хоспитализација бил 11 отсо понизок кај омикрон во споредба со делта.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот