Ривалот на Меркел на претстојните избори Пеер Штајнбрук критикуван поради непристоен гест

Од:

Главниот ривал на Ангела Меркел за функцијата канцелар на Германија, социјалдемократот Пеер Штајнбрук е предмет на критики поради објавена фотографија на која прави експлицитен гест.

Штајнбрук имал „интервју без зборови“ за неделникот на весникот „Зидојче цајтунг“ во кое тој одговарал на прашања гестикулирајќи пред камера.

На спорната фотографија Штајнбрук е со лут поглед и го покажува средниот прст во одговор на прашање, што алудира на неговите испади за време на предизборната кампања. Прашањето гласело: „Пеер Гафот, Проблематичниот Пеер – не можете да се пожалите на недостиг на симпатични прекари, а?“.

Противникот на Меркел на Твитер објави дека „за да зборуваш јасно, секогаш ти требаат зборови, особено кога те прашуваат за банални нешта, наместо за вистински важните прашања“.

Заменикот канцелар Филип Рослер изјави дека гестот од фотографијата не прилега на кандидат за канцелар.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија