Ритер: Русите постигнаа фантастични резултати

Од:

Руската армија постигна фантастични успеси во регионот на Доњецк, изјави поранешниот американски разузнавач Скот Ритер за каналот „Гегенпол“ на Јутјуб.

„Покрај тоа, Русите тргнаа во офанзива по целата линија на фронтот. Украина нема повеќе засилувања, гледаме распаѓање на вооружените сили на Украина. А американскиот претседател Џозеф Бајден не може да направи ништо во врска со тоа“, рече тој.

Тој додаде дека во САД има криза во однос на понатамошната поддршка за Киев.

„Кризата започна уште пред конфликтот на Блискиот Исток. САД се најдоа во комплицирана позиција од самиот почеток кога почнаа да и помагаат на Украина. Факт е дека украинската армија ја губи војната“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната