Ринкевичс: Eвропските земји апсолутно да воведат воен рок

Од:

Претседателот на Латвија Едгарс Ринкевичс ги повика европските земји „апсолутно да воведат воен рок“, признавајќи дека континентот е воено прилично слаб.

Во изјава за Sky News, Ринкевичс истакна дека европските земји треба да ги зголемат трошоците за одбрана, особено во контекст на нестабилните односи со САД.

Летонија повторно ја воведе задолжителната воена служба за мажи во 2023 година и го зголеми воениот буџет на 4% од БДП.

– Гледајќи што се случува во светот, мислам дека многу други европски земји треба да го следат нашиот пример, рече латвискиот претседател Едгарс Ринкевичс.

Тој додаде дека многу луѓе се загрижени за глобалните настани, но дека е клучна посилна безбедносна политика од европските влади.

„Луѓето ги следат вестите и, се разбира, важни се силните гаранции. Но, уште поважно е европските влади да се погрижат сите да станеме посилни.

Би можело да ве интересира

Во Украинa рации во барови, на мета мажи кои не се одѕвале на воената регрутација

A1on

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ најави враќање на воениот рок

А1он

ВИДЕО: Снимка од уривањето на советскиот споменик во Латвија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Димитров: Во Рига формирана Парламентарна група за пријателство со Македонија

Наум Локоски

Министерот за одбрана на Латвија во посета на Македонија

Ана Ололовска

Шефот на латвиската дипломатија во посета на Косово

Ана Ололовска