Ринкевичс: ЕУ силно поддржува политички дијалог меѓу Москва и Киев

Од:

Шефот на летонската дипломатија Едгарс Ринкевичс денеска од Охрид ја повтори загриженоста на Европската унија од ситуацијата во Украина, со забелешка дека е мошне тешко во овој миг да се даде каква било оценка за начинот како ќе биде надмината кризата, како и тоа кога би можело да се очекува некаква завршница.

На прашањето на новинарите за тоа каква би можело да биде резрешницата на кризата во Украина, Ринкевичс рече дека тоа е прашање од милион долари.

– Мошне сме загрижени од развојот на настаните во источниот дел на Украина. Позната е одлуката на ЕУ и на некои други држави за воведување економски санкции против Русија, поред се, поради оценката дека Москва не се однесува најконструктивно во приодот кон кризата, која во одредени моменти наликува и на отворена поддршка на сепаратистите. Целосно стоиме на ставот за апсолутната легитимност на украинската позиција да го чува целосниот територијален интегритет и суверенитет, а сепаратистичките активности ги цениме како аплсолутно нелегитимни. Сметаме дека Русија мора да запре со поддршката на сепаратистичките движења во Украина, како со оружје така и со дотур на луѓе, што дополнително ја усложнува ситуацијата, рече шефот на летонската дипломатија.

Истовремено, тој посочи дека Брисел силно го поддржува и охрабрува политичкиот дијалог меѓу Русија и Украина, од аспект на претстојната утрешна средба на претседателите на Руската Федерација и на Украина.

Би можело да ве интересира

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина