Рим: Романски авион при слетување излетал од пистата, шест повредени

Од:

Авионот АТР 72, на романската компанија „Carpatair“, во кој имало 50 лица – 46 патници и четири членови на екипажот, вечерва излетал од пистата при слетувањето на римскиот аеродром „Фиумицино“.

Шест лица се повредени, тројца од нив се во критична состојба. Четири повредени патници се пренесени во болница, пренесува италијанската агенција АНСА.

avion-rim

На лице место има пожарникари и возила на итна помош.

avion-rim-1

За сега не се знае причината за слетувањето надвор од пистата, дали ветерот бил силен или се работи за грешка на пилотите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна покривот на трговски центар во Перу, меѓу загинатите и дете

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

(ВИДЕО) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет мртви

Горан Наумовски

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа