Рим очекува 15-20 милијарди евра годишно од продажба на државен имот

Од:

Новиот италијански министер за економија и финансии Виторио Грили очекува од продажбата на државни активи земјата да оствари приход меѓу 15 и 20 милијарди евра годишно, наведува весникот „Кориере дела сера“.

Владата сака да обезбеди, благодарение на повеќегодишната програма, продажба на државен имот во вредност од 15 до 20 милијарди евра, што претставува еден процент од бруто домашниот производ, нагласи Грили.

Според него тоа ќе дозволи државниот долг на земјата да биде намален за 20 проценти во следните пет години.

Денес долгот на Италија се приближува во 2 трилиони евра или 123 проценти од БДП.

– Би бил среќен да го намалиме за 100 проценти, тоа би било прекрасно. За жал, сепак, треба да се каже вистината дека обемот на државниот имот и компании кои се на продажба не е ист како пред 20 години. Има наследство од згради чија вредност тешко може да се процени, нагласи Грили.

Виторио Грили во средата ја презеде функцијата министер за економија од премиерот Марио Монти, кој ги извршуваше двете функции.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он