Рикер: Очекувам Сараево да остане воздржано во текот на гласањето за Палестина

Од:

Заменик-помошникот на американскиот државен секретар за европски и евроазиски работи Филип Рикер порача денеска во Сараево дека американската администрација очекува од Босна и Херцеговина да остане воздржана во текот на гласањето за унапредување на статусот на Палестина во Обединетите нации.

Рикер истакна дека САД би ја поддржале одлуката на БиХ да се воздржи во текот на гласањето во Генералното собрание на Обединетите нации, кое денеска ќе одлучува за унапредување на статусот на Палестинската автономна управа од статус на ентитет набљудувач во држава набљудувач – нечленка на ОН, што Палестинците го сметаат за историско гласање.

Претседателството на БиХ соопшти дека неговите членови претходно овој месец не успеале да се усогласат околу палестинското барање за новиот статус, бидејќи Бакир Изатбеговиќ и Жељко Комшиќ го поддржале, додека Небојша Радмановиќ бил против.

Рикер за време на средбата со претседателот на Претседателството на БиХ, Радмановиќ му ја пренел пораката на американскиот државен секретар Хилари Клинтон дека САД во следните месеци се надеваат и на подобрување од односите во регионот, за кои оценил дека во моментов се во застој.

– И натаму очекуваме постигнување на потребниот напредок во БиХ, особено на планот на елиминирање на дискриминацијата на припадниците на националните малцинства во изборниот процес, но и на планот на решавање на статусот на воениот и државиот имот, нагласи Рикер.

Тој во БиХ пристигна вчера, при што ја посети Сребреница, а во Сараево учествува на седницата на делегациите на земјите-членки на Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот во БиХ, која почна попладневно.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски