Ријад покажа „докази“ за вмешаност на Иран во нападите од викендот

Од:

Саудиското Министерство за одбрана покажа остатоци од дронови и проектили, за кои тврдат дека ја докажуваат вмешаноста на Иран во саботните напади врз саудиски нафтени постројки.

Меѓу другите делови, портпаролот на Турки ал-Малки покажа и наводно крило на ирански дрон.

– Информациите што ги извлековме од компјутерот на дронот покажуваат дека тој е ирански, рече тој на прес-конференција.

Министерството тврди дека 18 беспилотни летала и седум проектили погодиле цели од насока што го исклучува Јемен. Според него, детали за локациите од кои биле лансирани тие дронови и проектили се уште не можат да бидат објавени.

Одговорноста за нападите ја презедоа јеменските Хути, кои ги поддржува Иран. Техеран негира дека е вмешан и предупредува дека ќе одговори на каква било воена акција.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори