Резников: Забавена e операцијата на украинските вооружени сили на југот на земјата

Од:

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников призна дека операцијата на Вооружените сили на Украина на југ е забавена.

Тој во интервју за јапонскиот телевизиски канал NHK истакна дека офанзивната операција „забавила на југот“ на Украина, бидејќи руските вооружени сили ги користат каналите за наводнување како ровови.

Според Резников, првата фаза од стратегијата на украинската армија била задржување на вооружените сили на Русија, втората била стабилизирање на линијата на фронтот, а третата e актуелната контраофанзива.

Министерот изрази уверување дека вооружените сили на Украина ќе напредуваат до почетокот на зимата.

Претходно, Заменик-шефот на проруската воена управа на Херсон Кирил Стремусов, изјави дека вооружените сили на Украина немаат шанси да ја поместат одбранбената линија во регионот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск