Ревизорски извештај: Финската премиерка не ги занемарила своите должности на забавите

Од:

Специјалното финско тело надлежно за правни работи одлучи да нема последици по премиерката Сана Марин по однос забелешките на нејзиното однесување.

Главниот секретар за правда – официјалниот орган во Финска овластен да ги ревидира законитоста во постапките на членовите на Владата, денеска соопшти дека „не гледа причина за сомнеж за незаконско однесување на премиерката или за занемарување на нејзините службени должности“.

До секретарот беа доставени десетици поплаки во врска во видео-снимката од август годинава на која се гледа 36-годишната Сана Марин како танцува и се забавува со пријатели и познати личности, објавена преку социјалните мрежи.

Снимката покрена прашања за однесувањето на официјалните личности во приватниот живот, со осуди, особено по однос однесувањето на жените на раководни државни функции.

Критиките за најмладата премиерка одеа дотаму што беше изразен сомнеж за нејзината способност да раководи, како и забелешки дека нејзиното однесување наштетува на „угледот и безбедноста” на државата.

Финскиот секретар за правда, сепак, цени дека ниту една од забелешките не докажува повреда на „специфичните функции“. Според него, за да биде покрената официјална истрага по жалбите за приватниот живот на Сана Марин, истите треба да имаат „правна врска со нејзините постапки како премиер“.

Според неговите зборови, „моралните и социјалните аспекти” од приватниот живот на член на финската Влада се во надлежност на Парламентот.

Во обид да отфрли дел од сомнежите инциирани од видеото, Сана Марин дури направи тест за дрога чиј резултати беше негативен. Неколку дена подоцна случајот повторно се разгоре кога беше објавена фотографија на две жени со подигнати блузи на свечен настан одржан во владината резиденција, за што премиерката повторно беше приморана да се извинува.

Младата политичарка се најде на удар на критики и минатата година кога се дозна дека посетила ноќен клуб, пред да биде известена дека била во контакт со лице заразено со коронавирус.

Сана Марин е премиерка на Финска од 2019 година и ќе се бори за втор мандат на изборите закажани за април следната година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски