Ретка забрана за новинари на Филипините

Од:

Филипинското Министерство за информации денеска потврди дека на неколку странски новинари нема да им издаде дозвола да известуваат од Самитот на државите од регионот Азија – Пацифик (АПЕК), што идната година ќе се оддржи во Манила.

По соборувањето на диктаторот Фердинанд Маркос во 1986 година Филипините важеа за една од најслободните земји за домашни и странски новинари, а оваа забрана се однесува на деветмина новинари од Хонг Конг.

Новинарите од Хонг Конг, кој се ставени на филипинската „црна листа’’ лани, на самитот на АПЕК на Бали, Индонезија, невкусно се шегувале со претседателот Акино.

Новинарската Асоцијација на Филипините во првата реакција за овој настан изјави дека, најверојатно, не ќе протестира против одлуката за ставање на новинари на „црна листа“.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски