Дисидентите од неколку републикански групи на северноирските католици се обидинуваат да создадат „нова“ ИРА, која ќе треба да извршува напади врз безбедносните сили во покраината и врз други цели за кои ќе се процени дека се блиски со Велика Британија и се што е британско.
Под знамето на „Нова“ ИРА се обединуваат три од вкупно четирите главни дисидентски групи, кои се огласуваа повремено во Северна Ирска и кои се против мировниот процес и помирувањето во оваа британска покраина на ирскиот остров. Во новата обединета дисидентска организација сега се „Вистинска“ ИРА, Републиканската акција и Независната вооружена републиканска група, кои досега се јавуваа дека се наоѓаат зад некои терористички акции во покраината.
Само ИРА на Континуитетот остана надвор од ова интегрирање и окрупнување на последните приврзаници на некогашната Ирска републиканска армија.
Во објавеното соопштение на „Нова“ ИРА се наведува дека со поврзувањето е создадена една „унифицирана структура под единствено водство“ на целата организација.
Ова е првпат по 1998 година и спогодбата од Велики Петок да се изврши коалицирање на разните „отпаднички и дисидентски републикански, терористички групи“ и создавање на една групација, чија цел е спротивставувањето на мирното сожителство во Северна Ирска и борбата покраината да се припои кон Република Ирска, од која е одделена од 1921 година.