Францускиот автомобилски гигант Рено му подари на папата Бенедикт Шеснаесетти два електрични автомобилa. Според информациите, станува збор за два тивки електрични автомобила, едниот во бела, а другиот во сина боја, што ќе служат за превоз на папата и на ватиканската жандармерија.
Малиот бел папамобил е од моделот „Канго макси З.Е.“, на кој го има грбот на Ватикан, а може да служи за превоз на папата меѓу две цркви, надвор од Ватикан.
Двата автомобила му биле директно подарени на папата од генералниот директор на Рено Карлос Госн во Кастел Гандалфо, неговата летна резиденција.