Ренци: Земјите од ЕУ да не отстапуваат од обврските за прифаќање имигранти

Од:

Италијанскиот премиер Матео Ренци ги обвини земјите-членки на ЕУ дека отстапуваат од обврските за прифаќање имигранти, кои бараат засолниште, нагласувајќи дека треба да покажат сериозност во намерата за наоѓање решение за имиграциската криза во Средоземното Море.

ЕУ одобри морска мисија, која ќе ги разбива бандите кои незаконски внесуваат имигранти од Либија во Европа, но поширокиот план за справување со приливот од имигранти се соочува со полемика во врска со националните квоти за прием на кандидатите за азил.

Европската комисија предложи систем на квоти за земјите-членки, со цел да се подели товарот за прифаќање на стотиците илјади луѓе додека нивните молби за добивање азил се разгледаат. Досега малку земји, особено Германија и Шведска, го презедоа најголемиот дел од овој товар. Но, неколку европски земји веќе изјавија дека се против предлогот за квотите. Според Ренцо, ваквиот став ризикува да ја поткопа целата стратегија на ЕУ по прашањето за имиграција.

Италијанскиот премиер изрази уверување дека до самитот на ЕУ на 25 и 26 јуни земјите-членки ќе се согласат околу прашањето за квотите.

Околу 51.000 имигранти од почетокот на оваа година влегле во Европа преку Средоземното Море, а околу 1.800 се удавиле при обид да го преминат Медитеранот, наведува Агенцијата за бегалци на ОН.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале