Ренци: Украина има потреба од реформи, што ќе гарантираат автономија на сите територии

Од:

Суверенитетот на Украина треба да се почитува, границите повторно да се контролираат целосно и истовремено да бидат реализирани реформи кои ќе гарантираат автономија на сите територии во земјата, изјави денеска италијанскиот премиер Матео Ренци во интервју за ТАСС.

Ренци го посочи како „пример“ италијанскиот регион Алто Адиџе, област со специјален, специфичен обем на автономија.

Во однос на конфликтот во Украина, тој нагласи дека нема алтернатива на мирот и дијалогот и дека е неопходно да се работи секој ден, за да станат реалност предусловите и ветувањата од Минск, каде беше постигнат мировен договор на 12 февруари.

– По минскиот договор гледам на работите многу пооптимистички, откако во Минск беше постигната суштинска допирна точка, изјави италијанскиот премиер, истакнувајќи ја улогата на рускиот претседател Владимир Путин, претседателот на Украина Петро Порошенко, претседателот на Франција Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел.

Денеска во Москва Ренци ќе разговара со Путин и со премиерот Дмитриј Медведев. Првата посета на рускиот главен град е на покана на државниот врв на Руската федерација. Се очекува двајцата да разговараат за ситуацијата во Украина, Либија, Сирија и Блискиот Исток, а со Медведев за економски теми.

Италија очекува да го види Владимир Путин на светската изложба ЕКСПО-2015 во Милано, што ќе се одржи од 1 мај до 31 октомври. Русија ќе има голем штанд, а сите руски туристи се добредојдени во Милано, не само на изложбата, туки и во секој момент, изјави премиерот Ренци.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“