Ренци: Излез на Грција од еврозоната би било грешка, но грчката влада треба да ги исполни реформите

Од:

Излез на Грција од еврозоната би било грешка, но грчката влада треба да ги исполни неопходните реформи, изјави вчера на маргините на годишниот самит на Г-7 италијанскиот премиер Матео Ренци, пренесува ТАСС.

Ренци истакна дека Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас треба да разбере дека е неопходно да ги оствари реформите, иако според него излез на Грција од еврозоната ќе претставува економска и геополитичка грешка.

Матео Ренци нагласи дека позицијата на Италија се совпаѓа со линијата на САД во однос на економскиот раст. – Имаме потреба од постабилен раст и повеќе инвестиции, нагласи тој.

Во однос на напорите на ЕУ за справување со илегалната имиграција Ренци, истакна дека тие се недоволни. – Тоа беше само првиот чекор, но претстои уште многу работа, предупреди италијанскиот премиер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале