Рекордно високо ниво на инфлацијата во Франција

Од:

Економскиот раст на Франција неочекувано се намали во првиот квартал поради слаба потрошувачка наспроти рекордно високата инфлација, покажаа официјалните податоци објавени денеска од властите.

Официјалната статистичка агенција INSEE соопшти дека прелиминарните податоци не покажуваат промена во бруто домашниот производ за периодот јануари-март. Тоа сигнализира нагло забавување од последните три месеци од 2021 година, кога втората по големина економија во еврозоната се зголеми за 0,8 отсто, што беше ревидирана од 0,7 отсто претходно.

И додека се очекуваше забавување во Франција, податоците се полоши од очекувањата за раст од 0,3 отсто.

Трошоците на домаќинствата, традиционалниот двигател на францускиот раст, паднаа за 1,3 отсто во кварталот, бидејќи довербата на потрошувачите ослабна поради загриженоста од зголемените цени на енергијата и војната во Украина, засенувајќи го секој поттик од олеснувањето на ограничувањата за Ковид-19.

Инфлацијата е на рекордно ниво во и неочекувано порасна во април до 5,4 отсто, објави денеска INSEE во посебен извештај.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

Левица: При инфлација и социјална несигурност владата зголемува буџет за војни на 3% од БДП

Горан Наумовски