Рекордно висока температура во Лапонија

Од:

Северот на Финска моментално е еден од најтоплите региони во Европа откако таа област ја зафати топлотен бран со температури од над 30 степени.

Мошне топлото време во овој дел од годината тамошното население го искористи за капење во реките и езерата.

Финскиот метеоролошки Институт соопшти дека во општината Утсиоки, во која се наоѓа најсеверното село на Европската унија, во петок е забележана температура од 30,5 степени, што е највисока во мај во последните 50 години, односно откако официјално се мери температурата во Арктичкиот регион.

Турист од Хонгконг рече дека е разочаран затоа што многу сакал Лапонија да ја доживее студена и снежна.

Топлото време во Лапонија ќе продолжи и во текот на викендов.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија