Рекордно висок одѕив на изборите за претседател на Чешка

Од:

Граѓаните на Чешка утрово, на вториот ден од вториот круг на претседателските избори, масовно излегуваат на гласање за да одлучат кој ќе биде новиот лидер на државата.

Се предвидува историски рекорден одѕив бидејќи половина од регистрираните 8,25 милиони гласачи веќе излегоа вчера, на првиот ден од гласањето.

Тие избираат меѓу поранешниот началник на Генералштабот, а потоа и шеф на Воениот комитет на НАТО, пензионираниот генерал Петар Павел и петтиот најбогат човек во Чешка, тајкунот од агро и хемиската индустрија Андреј Бабиш.

Големиот интерес на Чесите за овие трети директни избори за шеф на државата ги принуди медиумите да применат нови технологии и вештачка интелигенција за да објават предвидување на многу мал примерок од преброените гласови, околу 10 отсто, набргу по затворањето на гласачките места во 14 часот.

Во првиот круг, пред 14 дена, исклучително прецизно ги предвидоа резултатите.

Резултатите ќе бидат објавени вечер.

Според предизборните анкети и модели, Павел е фаворит со можни 53 до 58 отсто од гласовите за поддршка.

Би можело да ве интересира

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка