Рекордно топење на мразот на Гренланд

Од:

Топењето на мразот на Гренланд лани повторно се зголеми и го урна претходниот рекорд за 15 отсто, предупредуваат научниците.

Според новата анализа, нивото на распаѓање е „невидено“, врз основа на мерењата почнати уште во 1948 година.

Непосредна причина за огромната загуба на мразот е фактот дека високите системи за притисок на воздухот минатото лето беа блокирани над Гренланд, но авторите на анализата веруваат дека емисиите на јаглерод го воведуваат овој остров во ерата на екстремно топење, пренесува Би-Би-Си.

Студијата укажува дека уделот на Гренланд во глобалното ниво на морето значително се зголеми во последните 30 години, бидејќи е зголемено количеството на стопен мраз.

Меѓународниот извештај од декември минатата година посочува дека Гренланд губи мраз седум пати побрзо отколку во текот на 90-тите години.

Новата студија потврдува дека овој тренд продолжува.

Истражувачите тврдат дека Гренланд во текот на целата година изгубил 532 гигатони мраз, што е значително зголемување во однос на 2012 година.

Научниците објаснуваат дека ова количество на стопен мраз додава 1,5 милиметри на глобалното ниво на морето, што е околу 40 проценти од просечното зголемување за една година.

Според пресметките на данскиот климатолог Мартин Стендел, загубата на мраз од минатата година е доволна за да ја покрие цела Велика Британија со околу 2,5 метри вода.

Би можело да ве интересира

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Натпревар на суперсили во Гренланд – Минералното богатство го направи островот геополитичко бојно поле

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска