Рекордни вредности на ЦО2 и покрај пандемијата и затворањето на општествата

Од:

Глобалните вредности на јаглерод диоксид (СО2) во атмосферата остануваат на рекордно високи нивоа и покрај затворањето на економиите и општествата заради пандемијата на коронавирусот, се наведува во последниот извештај на Светската метеоролошка организација (СMO).

Извештајот сугерира дека последен пат нивоата на јаглерод диоксид биле толку високи пред три до пет милиони години.

Научниците тврдат дека затворањата на заедниците поради пандемијата од Ковид-19 ги ​​намалија емисиите на многу загадувачи и предизвикувачи на ефектот на стаклена градина, но забележуваат дека тоа има незначително влијание врз вкупната концентрација на јаглерод диоксид.

Метеоролошката организација на ОН предупредува дека глобалната просечна концентрација на јаглерод во 2019 година го проби прагот од 410 честички на милион (ppm), а растот продолжи и во 2020 година.

-Го пробивме глобалниот праг од 400 ppm во 2015 година и само четири години подоцна надминавме 410 ppm, изјави генералниот секретар на СМО, Петери Таалас.

Ваквата стапка на раст, според него, никогаш не била видена во историјата на регистрираните записи.

-Падот на емисиите поврзани со заклучувањето на општествата е само мала трага на долгорочниот графикон. Потребно ни е континуирано изправање на кривата, рече Таалас.

Според него, пандемијата на Ковид-19 не е решение за климатските промени, туку нуди платформа за поодржливо и амбициозно дејствување за намалување на емисиите и целосно трансформирање на индустриските, енергетските и транспортните системи.

Би можело да ве интересира

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто