Рекордни речиси 90.000 новозаразени со коронавирусот во Велика Британија

Од:

Во Велика Британија денеска, втор ден по ред, е регистриран рекорден број на новозаразени со коронавирусот.

На островот денеска има нови 88.376 случаи на коронавирус, речиси 10.000 повеќе од вчерашната бројка кога имаше 88.376 новозаразени.

Во Велика Британија досега се регистрирани вкупно 11.708 случаи на Омикрон, а експертите предупредуваат дека бројката веројатно ќе биде многу поголема бидејќи варијантата брзо се шири.

Британскиот премиер, Борис Џонсон претходно ги отфрли обвинувањата дека новите владини мерки против ширењето на сојот Омикрон на коронавирусот ќе ја турнат земјата во ново целосно затворање.

Тој рече дека ситуацијата во Велика Британија е различна од минатата година, и покрај стравувањата од брзо ширење на новиот сој, пред сè, поради широката употреба на вакцини и тестови за коронавирус.

Џонсон нагласи дека доколку луѓето сакаат да присуствуваат на јавни настани „разумна е одлуката прво да се тестираат“.

– Не сакаме да откажуваме настани, да воведеме заклучувања и најбрзиот начин да се вратиме во нормала е да се заштитиме со уште една доза вакцина против Ковид-19, рече тој.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца