Во Финска во последните 24 часа се регистрирани 618 нови случаи на коронавирус, најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата, објави финскиот институт за јавно здравје и социјален развој.
Вкупниот број на пациенти достигна 23.766 од тестираните 1,7 милиони, а досега починале 388 лица.
Во последните две недели, Финска регистрира 25 заразени на 100.000 жители.