Рекордни 5.032 нови случаи на коронавирус на Филипините

Од:

На Филипините се регистрирана 5.032 нови случаи на коронавирус, што е најголемо дневно зголемување на бројот на заразени лица во земјата, со што вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 се искачи на 103.185.

Министерството за здравство исто така објави дека бројот на жртвите од Ковид-19 се зголемил за 20, на 2.059.

Портпаролот на претседателот на Филипините, Родриго Дутерте, изјави дека Дутерте денеска треба да се сретне со клучни членови на Владата за да го разгледаат повикот на здравствените работници од „првата борбена линија“ за борба против пандемијата со повторно воведување построги мерки за карантин во главниот град Манила.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод