Рекордни 1.295 мигранти вчера пристигнаа во Велика Британија преку каналот Ламанш, јави ДПА, повикувајќи се на владини податоци.
Ова е најголемата бројка пријавена во еден ден откако почна да се води ваква статистика во 2018 година. Дваесет и седум чамци успешно го преминаа Ламанш, според податоците на Министерството за одбрана. Бебиња и неколку мали деца завиткани во ќебиња исто така беа изведени на брегот на Довер.
Снимките покажуваат купишта елеци за спасување на пристаништето во Кент откако гумени чамци и други пловни објекти биле пресретнати додека го преминувале Ламанш. Во периодот од петокот до неделата не се пријавени нови пристигнувања на мигранти.
Повеќе од 22.600 луѓе пристигнале во Велика Британија од Франција од почетокот на годината откако го преминале прометниот теснец со мали чамци, соопштуваат локалните власти.
Извор: МИА