Рекорден пад на прометот во малопродажниот сектор на САД

Од:

Прометот во малопродажбата во САД забележа рекорден пад минатиот месец, бидејќи обврската за затворање на фирмите поради контрола на ширењето на Ковид-19 ја намали побарувачката за артикли за широка потрошувачка.

Министерството за трговија на САД денеска соопшти дека прометот во трговијата на мало се намалил за 8,7 проценти, што е најголем пад од 1992 година, кога е воведен таков показател во евиденцијата.

Пометот во малопродажбата во фебруари беше намален за 0,4 отсто.

Потрошувачката на населението изнесува повеќе од две третини од американската економска активност.

Економистите очекуваат помал пад на потрошувачката во вториот квартал пред сè поради фискалниот пакет за поддршка на економијата и граѓаните во висина од 2,3 билиони долари.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак