Рекорден број новинари од повеќе земји во светот се лишени од слобода, покажува извештајот на Комитетот за заштита на новинарите, цитиран од руските медиуми.
Според податоците на меѓународната невладина организација, во моментов низ светот има 232 новинари зад решетки. Тоа е за 53 повеќе во споредба со минатата година и го надминува претходниот рекорд од 185 лица, забележзан во сега далечната 1996 година.
На прво место во класификацијата е Турција, каде 49 новинари и медиумски работници се лишени од слобода, главно соработници на курдските изданија, обвинувани за помагање на тероризмот.
На второ место е Иран со 45 затворени новинари, а трета е Кина со 32.
Во првата петорка влегуваат и Еритреја, каде има 28 новинари лишени од слобода, и 15 претставници на медиумите од зафатената со граѓанска војна Сирија.