Регионални избори во Баварија

Од:

Во јужната германска покраина Баварија денеска се одржуваат избори, кои се сметаат за тест за општите избори што ќе се одржат за една недела.

Околу 9,5 милиони жители имаат право на глас во богатата, претежно католичка покраина, во која се наоѓаат седиштата на големите германски компании „БМВ“, „Ауди“ и „Сименс“.

Избирачките места се отворени во осум часот, а ќе бидат затворени во 18, додека првите прелиминарни резултати се очекуваат неколку минути подоцна.

Христијанската социјална унија управуваше со Баварија непрекинато 56 години, благодарение на победничката стратегија на висока технологија и традиција.

Баварската сестринска партија Демиохристијанска унија, партијата на Ангела Меркел, има големи шанси да освои мнозинство места во регионалниот Парламент.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија