Регионални и сенатски избори на 7 и 8 октомври во Чешка

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан го соопшти новиот термин за регионални и сенатски избори кои ќе се одржат на 7 и 8 октомври.

Претходниот термин, кој беше јавно објавен според соопштението од неговиот Кабинет не бил во согласност со Законот, јави дописникот на МИА од Прага. Вториот круг на изборите ќе биде една недела подоцна.

– Инаку може да се случи, изборите да бидат прогласени за неважечки, напиша на Твитер министерот за внатрешни работи Милан Хованец, замолувајќи го Земан да го преиспита терминот.

Регионалните избори во Чешка се одржуваат секои четири години, а секои две години Чесите гласаат за една третина од сенаторите.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница