Редовна плата од 1.500 долари за Авганистанците кои ќе му помогнат на Путин: „Не сакаат да одат во Украина, но немаат избор“

Од:

Руската војска за војната во Украина сега регрутира припадници на авганистанските специјални сили кои се бореа заедно со американските војници, а потоа побегнаа во Иран по хаотичното американско повлекување минатата година, изјавија тројца поранешни авганистански генерали за западни медиуми.

Според нив, Русите сакаат да намамат илјадници поранешни елитни авганистански командоси во „странската легија“, со понуда за редовна плата од 1.500 долари месечно и ветување за безбедни засолништа за нив и нивните семејства, бидејќи депортацијата би значела паѓање во рацете на талибанците и речиси сигурна смрт.

„Тие не сакаат да се борат, но немаат избор“, рече еден од генералите, Абдул Раоф Аргандивал, додавајќи дека десетината командоси во Иран со кои разговарал најмногу стравуваат од депортација. „Ме прашуваат: „Дајте ми решение? Што треба да правиме? Ако се вратиме во Авганистан, Талибанците ќе не убијат“.

Аргандивал вели дека исплатата била предводена од руската платеничка група Вагнер. Друг генерал, Хибатула Ализаи, последниот командант на авганистанската армија пред талибанците да ја преземат власта, изјави дека поранешниот командант на авганистанските специјални сили, кој живее во Русија и го зборува јазикот, им помага на Русите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск