Речиси половина Венецуела остана без струја, а во мрак се најмалку 11 од 23 сојузни држави во земјата.
Венецуелскиот министер за енергетика Луис Мота изјави дека проблемите со прекинот на струјата се од синоќа, по експлозија во електрана во северната држава Карабобо.
Според Мота, во државате повторно е воспоставено редовното снабдување со електрична енергија.