Продемократските кандидати освоија околу 45 проценти од местата на локалните избори во Хонг Конг, покажуваат делумните резултати од гласањето, што се смета за тест на поддршка на повеќемесечните антивладини протести во таа автономна кинеска територија.
Според нецелосните резултати, продемократските кандидати освоиле 201 од 452 места во 18 окружни совети.
Најголемата прокинеска партија доживеа тежок пораз откако 155 од нејзините 182 кандидати беа поразени.
Меѓу победниците на изборите со висок одзив се поранешни студентски лидери и кандидат кој го замени добро познатиот активист Џошуа Вонг, единствената личност на која и беше забранието да се кандидира.
Победи и еден од организаторите на протестите, Џими Шем, кој во октомври беше претепан, како и продемократскиот пратеник, кому напаѓач му го одгриза увото.
Изборната комисија соопшти дека гласале 71 отсто од регистрираните 4,1 милиони гласачи, многу повеќе од 47 отсто, колку што беше одзивот пред четири години.